Доаѓањето на време за Швајцарците не е само работа на бон-тон, туку е и начин на живот.
Припадниците на оваа алпска нација со точноста искажуваат почитување кон своите пријатели, познаници и колеги и покажуваат дека им значи нивното време.
Ако со некого се договорите за состанок во 14 часот, Швајцарецот ќе се појави на договореното место во 14 часот, а не пет минути порано или подоцна.
Голем број странци не се запознати со овој концепт, поради што често се случува да ги навредат своите домаќини со непочитување на тоа однесување.
Што е причина за ова однесување, никој не знае. Според поединечни тврдења на точноста на нацијата влијаела географската положба. Станува збор за алпска земја, чија просечна надморска височина изнесува од 500 метри до 800 метри, највисоките врвови надминуват четири илјади метри.
За да си обезбедат храна Швајцарците некогаш морале да бидат мошне прецизни во однос на извршување на земјоделските работи, за да ужуваат во плодовите на бујната жетва.
Точноста има бројни предности, но и по некоја мана На пример такси возилата речиси секогаш доаѓаат во договореното време, а сите работници заминуват на попладневна пауза во 16 часот, па во тоа време речиси е невозможно да се најде слободно место во кафулињата.Vo
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст