Сите родители имаат мала тајна, која секојдневно ја користат при одгледувањето на детето. Мајките и татковците имаат свој ритуал, преку кој нивните децата сфаќаат дека се многу сакани.
Свој метод има и принцот Вилијам.
Погледнете ги сликите на принцот и тригодишниот син, принцот Џорџ. Она што се забележува е дека војводата од Кембриџ често клекнува или се наведнува до детето. Еднаш дури и кралицата Елизабета го прекори внукот што го користи овој метод за време на настани, на кои присуствуваат важни гости.
Експертите тврдат дека родителите треба да обрнат внимание на овој едноставен трик. Кога клекнуваш пред детето, вие го гледате право во очите.
Техниката, според експертите, се нарекува „техника за активно слушање“. Преку неа децата гледаат дека нивните зборови се од значење за родителите. Освен тоа, ја крева самодовербата на децата, ја зајакнува довербата кон вас, но и ја олеснува комуникацијата меѓу вас.
Не е доволно само да се клекне пред детето, туку психолозите им препорачуваат на родителите да престанат со сето она што го прават и за миг да обрнат вистинско внимание на детето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст