| четврток, 6 декември 2018 |

Џемс Бонд цензуриран во Кина

За да биде прифатлив за гледање, „Скајфол“, последниот филм од серијалот за најпознатиот агент на светот, Џемс Бонд, во Кина е цензуриран.

Продуцентите на филмот за британските медиуми потврдија дека во филмот е „интервенирано на неколку места, како и во преводот на кинески јазик. Во еден дел се избришани цели дијалози на главните ликови, за кои власта во Кина сметаат дека не се во ред.

Сцената во која еден француски платен убиец убива кинески вратар, во лобито на зграда во Шангај, каде убиецот треба да изврши атентат е избришана.
Во сцената оф филмот каде што Бонд е со една проститутка во Макао, во која тој ја прашува за нејзината тетоважа на телото, нема текст. На Кинезите им пречело  што Бонд (Даниел Крејг) прашува дали тетоважата потекнува од времето кога таа, како малечка била приморана да се бави со проституција. Целата сцена тече како и во оригиналот, но во титлуваниот дел на кинески јзик го нема дијалогот, а ја нема и сугестијата на Бонд дека таа работи за кинеската мафија.
Грубо се исечени и сите забелешки на Хавиер Бардем, кој во филмот го толкува главниот негативен лик Раул Силва, околку тортурата што се спроведува во Кина.

 

Не е првпат да се цензурираат филмови во Кина. Тоа досега се случувало и со „Невозможна мисија 3“ со Том Круз, каде беа исечени сите сцени снимени во Кина, а  беше цензуриран и филмот „Гусарите од Карибите“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top