| четврток, 6 декември 2018 |

Албански знамиња се веат на рампа на пруга во Куманово

На објект на Македонски железници кај патниот премин село Ваксинце- Куманово, каде што се поставени желеничките рампи, на ограничувачот за висина на патниот премин, од страна на непознато лице биле поставени две албански знамиња, објави порталот „Курир“.

Како што пишува порталот случајот бил пријавен вчера околу 18: 30 часот од страна на вработен во Македонски железници, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

Од МВР за „Курир“ го потврдиле настанот.

-Се преземаат мерки за откривање на идентитетот на сторителите, како и за целосно расчистување на случајот – вели Лиза Бендевска, портпарол на СВР- Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top