| четврток, 6 декември 2018 |

Маршрутата на Хојт Ји уште индикатор за планирање политичка транзиција

Официјалното соопштение на амбасадата во врска со посетата на Ји на 30 април и 1 мај се наведува дека Бејли и нејзините вработени очекуваат дека ќе се создадат услови за нова влада предводена од непопуларниот СДСМ и од партиите на етничките Албанци. Таквата влада ќе биде среќна ако трае шест месеци, а веројатно и ќе ја продлабочи кризата до точка на граѓанска војна. Постојат страни кои со нетрпение го очекуваат таков исход, но тоа е приказна за некое друго време. За сега, концентрирајќи се дека маршрутата на Ји открива кои моќни играчи Ји се надева дека ќе ги доведе во ред за да се исполни визијата на Бејли за нова и подобрена Македонија. Еве ја официјална изјава од Амбасадата, објавен на 29 април во 1:11 часот: „Хојт Брајан Ји, заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, ќе ја посети Република Македонија на 30 април и 1 мај 2017. Ји ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Билал Касами, Весел Мемеди, и Мендух Тачи, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатската заедница. На состаноците ќе се разговара за статусот на формирање на влада, билатералните односи, и реформите потребни за евро-атлантска интеграција. Заменикот помошник државен секретар Ји ќе даде изјава за медиумите во попладневните часови во понеделник, 1 мај. За дополнителни детали ве молиме контактирајте го одделот за односи со јавноста на Амбасадата на САД по телефон 070 343 304 или 070 233 145 или преку е-маил ahmetil@state.gov или vrenezizj @ state.gov. “

Ниту Белата куќа ниту Советот за национална безбедност претходно биле информирани дека амбасадорот во Македонија Џес Бејли планира да го признае „новиот претседател на Собранието за време на хаотичната сесија проследена со протести“ во четвртокот попладнето, објави Балкананалајзис.ком.

Доаѓањето во Македонија на заменик-помошникот државен секретар од времето на Обама, Хојт Ји, кој пристигна да ја поткрепи одлуката на Бејли и со официјален благослов на САД да го го прогласи за претседател на Собранието, отвора многу сериозна загриженост кој – ако воопшто некој – ја води американската надворешна политика во време кога Балканот е подготвен да експлодира од зголемен национализам поттикнат од силно политичко мешање на странскиот фактор. Тоа, исто така отвора сериозни прашања за штета што ѝ ја нанесе Бејли на американската дипломатија во земјата од кризата која започна во почетокот на 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top