| четврток, 6 декември 2018 |

Откако му изумреа мажите, сега Ким Јонг Ун на првите борбени линии ќе става жени

ким

Откако на илјадници мажи во текот на деведесеттите умреле од глад на своите воени положби, Северна Кореја почнала масовно да регрутира жени. Нив сега Ким Јонг Ун сака да ги постави на првата борбена линија во случај на војна со САД.

Цела низа женски единици учествувале оваа недела на најголемата јавна демонстрација на воена моќ на Северна Кореја по повод 75 годишнината на создавањето на нивната војска. Според некои неслужбени податоци, во севернокорејската војска има околу пола милион жени и наводно Ким на воените обврзници им рекол дека мораат да бидат подготвени за заминување во војна.

Неодамна , според информациите на режимската телевизија КЦНА, Ким Јонг Ун одржал стрелачки натпревар за жените војници за да ја оцени нивната борбена подготвеност.

Во текот на натпреварот ја нагласил важноста на воената обука на жените да ги подготви за „големата војна за национално единство„ и  дека „мораат да бидат подготвени за борба било каде и било кога„. Тешко е да се каже колку точно жени има во војската на Ким, можно е да ги има помалку од 10 отсто од вкупниот број на војниците, но некои пребегуваат од Северна Кореја, велат дека се работи за околу 40 % жени во активната воена служба додека во состојба на готовност се држат уште 700.000.

Се смета дека главна причина што има вака голем број жени во војска е фактот што десетици илјади мажи во војска умреле од глад на своите положби во текот на големата глад која таа земја ја покосила во деведесеттите години. Поради тоа владеачката партија се свртела кон регрутирање на жени за да ги пополнат празнините во воените редови, пишува Сун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top