Во отвореното интервју за својата болест, кое го даде за британскиот „Д Гардијан“, Мајкл Даглас вели дека ракот на грло го добил поради орален секс, а не поради пушење или алкохол.
– Без желба да одам во детали, видот на ракот кој го имав е предизвикан од ХПВ кој го добив од орално задоволување на една девојка – објасни 68-годишниот Даглас.
Тој признава дека прво помислил дека ракот го добил од стрес поради проблемите кои ги има неговиот син Камерон со законот и дрогата.
Даглас се бореше со ракот од август 2010 година до јануари 2011 година, и признава дека во еден момент мислел дека ќе умре. Меѓутоа, сѐ помина добро и тој е здрав повеќе од две години, а на секои шест месеци оди на контрола.
Експертите од американската Фондација за орален рак велат дека видот ХПВ, познат како ХПВ 16, предизвикува орален рак кој се јавува на задните делови на устата и грлото
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.