Министерството за внатрешни работи нема никакви надлежности да бара притвор за лица. Медиумите под контрола на Сорос се обидуваат преку лажни информации да создадат паника и да ги исплашат граѓаните кои два месеци ја поддржуваат граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и нивните барања за целосно отфрлање на Тиранската платформа. Потврдено е дека се работи за лажна вест, какви што досега имало многу од овие медиуми. Тие ја откриваат намерата на СДСМ и Сорос за сузбивање и удирање врз најавтентичното граѓанско движење во историјата на Македонија кое ги спроведе најмасовните протести на кои дневно на улиците ширум Македонија излегуваа 200.000 граѓани.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев е исплашен од државниот удар кој го направи, нарачувањето да се пука кон народот и целокупната кривична одговорност за случувањата, па оттука преку потписниците на Тиранската платформа и медиумите кои се под нивна контрола се обидуваат да ги заплашат граѓани.
МВР нема надлежност за да бара притвор, такви мерки бара Јавното обвинителство, а за истите одлучува судот. Во конкретниот случај, со организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ за кои соросовите медиуми пишуваат лажни вести дека МВР бара притвор, нема ниту дело.
Од МВР за Курир велат дека се работи за лажна вест.
-МВР ниту има ингеренции, ниту побарало притвор за кого било околу случувањата во Собранието. Тој што ја пуштил лажната вест покажал целосно непознавање на Законот за кривична постапка. Доколку некој од медиумите се јавеше да провери секако ќе му ја објасневме постапката и ќе го упатевме кај надлежниот Јавен обвинител кој го води случајот и презема мерки, велат од МВР.
Од Основното јавно обвинителство денес соопштија дека досега не е поставена правна квалификација на извршените кривични дела.
– Поставувањето на конкретната правна квалификација за секое лице за кое ќе се утврди дека сторило кривично дело ќе биде сторено откако ќе се собере потребниот доказен материјал одделно за секое лице инволвирано во кривично правните настани и по утврдување на фактите. Оттука ја известуваме јавноста дека ОЈО Скопје нема направено никаква преквалификација на кое било кривично дело и дека досега објавените информации во дел од медиумите се шпекулација, се наведува во соопштението на ОЈО.
Правните експерти за тоа дали посочените лица може да побараат заштита ни одговорија дека може да се консултираат со адвокат и да покренат тужба против медиумите кои непрофесионално се однесуваат и го рушат угледот на лицата.
Токму тие станаа најсилниот бедем кој се спротивставува на Тиранската платформа договорена од албанскиот премиер Еди Рама и одобрена од лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој уште не дојден на власт започнува со егзекуција на народното движење.
Социјалните мрежи се зовриени од коментари, граѓаните велат дека тоа однесување на СДСМ ќе ја прелие чашата. Велат народот нема со скрстени раце да набљудува како се удира во нејзините темели и се злоупотребува народот прикажувајќи го како криминален и насилен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст