Готвачот Марин Медок и неговиот ресторан „ Rougemarin“ надалеку се познати по бургерите, а бидејќи сезоната на скари почнува, тој реши да ги открие тајните на совршено приготвена скара.
Маринирање
Медок вели дека најголемата заблуда во кулинарството е дека месото треба да омекне во масло. Едноставно не постои хемиски процес во кој маслото го омекнува месото, тоа само спречува оксидација односно расипување. Готвачот советува месото да го ставиме во две литри вода со 400 грама сол, а месото да отстои во смесата 24 часа.
Ако сакате да додадете посебен вкус, загрејте ја водата и солта до 85 степенни и додајте зачини, поклопете и оставете да се олади.
Како да го печете местото
Кај печењето на месото најважно е да отстои на собра температура барем еден час пред печењето, ама многу е важен и жарот на кој се пече месото, а истиот треба да биде силен. Додека го печете месото не го стискајте со вилушка бидејќи така ќе ги изгуби соковите и ќе биде суво.
Изборот на зачини
Кога се зачините во прашање, треба да се има на ум дека на светлите врсти место најдобро прилегаат благите зачини, а за помрсните парчиња секогаш е добра комбинација мешавина од неколку врсти.
Зеленчук на скара
Зеленчукот е најлесно да се стави на стапче и така да се пече на скара, но за да биде повкусен, претходно посолете го и натопете го во маслиново масло. Кога го купувате внимавајте зеленчукот да е млад бидејќи во спротивно може да има горчлив вкус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст