| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската жена е модерна и скромна

Мод­ни ви­кен­ди, зна­чај­ни на­ста­ни од све­тот на мо­да­та и на уба­ви­на­та се ве­ќе че­ти­ри го­ди­ни неј­зи­на осво­е­на те­ри­то­ри­ја во Ма­ке­до­ни­ја. Ма­не­кен­ка­та Ре­не Рајт од Ја­мај­ка ус­пеш­но че­ко­ри во мод­ни­от свет ов­де. Таа че­сто е инс­пи­ра­ци­ја за ма­ке­дон­ски­те ди­зај­не­ри, со кои ве­ли де­ка има бес­пре­кор­на со­ра­бо­тка. Ре­не за „Ре­пуб­ли­ка“ откри­ва и де­ка во август ќе „стап­не на лу­ди­от ка­мен“ и ќе ста­не ма­ке­дон­ска снаа. Таа и Ви­ктор Сто­и­ми­ров под­го­тву­ва­ат тра­ди­ци­о­нал­на ма­ке­дон­ска свад­ба. Го збо­ру­ва ма­ке­дон­ски­от ја­зик, ги по­чи­ту­ва ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра и тра­ди­ци­ја. За Ма­ке­дон­ци­те таа ве­ли де­ка се, на­ви­сти­на, тр­пе­ли­ви и го­сто­прим­ли­ви. А ма­ке­дон­ска­та же­на, спо­ред Ре­не, е мо­дер­на и скром­на

Ко­га за прв­пат се за­поз­на­вте со Ма­ке­до­ни­ја?

Во Ма­ке­до­ни­ја прв­пат дој­дов во ле­то­то 2013 го­ди­на.

До­а­ѓа­те од зем­ја што има по­и­на­ква кул­ту­ра и тра­ди­ци­ја од Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ко ус­пе­а­вте да се прис­по­со­би­те на жи­во­тот ов­де?

На по­че­то­кот ми бе­ше те­шко ама се­га ми е мно­гу по­до­бро. Ви­ктор ми e нај­го­ле­ма под­др­шка и по­ра­ди тоа лес­но се прис­по­со­бив. Исто та­ка, за­поз­нав мно­гу при­ја­те­ли и по­крај при­ја­те­ли­те со кои се за­поз­нав во Аме­ри­ка.

rene11

Вие збо­ру­ва­те со­лид­но ма­ке­дон­ски ја­зик, бе­ше ли лес­но да се на­у­чи или не?

Ма­ке­дон­ски­от ја­зик е мно­гу комп­ли­ку­ван. Се­га раз­би­рам по­ве­ќе ама уште ми е срам да збо­ру­вам, но знам де­ка за да би­дам по­до­бра тре­ба да го веж­бам ја­зи­кот.

Ви по­ма­га­ат ли Ма­ке­дон­ци­те ко­га Ви е по­треб­но? Кое е Ва­ше­то мис­ле­ње за ма­ке­дон­ски­от на­род?

Мо­же да се ка­же де­ка Ма­ке­дон­ци­те ми по­ма­га­ат со тоа што се тр­пе­ли­ви ко­га им збо­ру­вам и ми по­ма­га­ат при ко­му­ни­ци­ра­ње­то. Ма­ке­дон­ци­те се се­ко­гаш при­ја­тел­ски на­стро­е­ни, го­сто­прим­ли­ви во се­кое вре­ме и сум мно­гу бла­го­дар­на што е тоа та­ка.

rene2

Вие ва­жи­те за ед­на од нај­у­ба­ви­те и нај­ан­га­жи­ра­ни ма­не­кен­ки ов­де. Ко­ја е ва­ша­та оце­на, лес­но ли е да се со­ра­бо­ту­ва со ма­ке­дон­ски­те ди­зај­не­ри?

Бла­го­да­рам. Ма­ке­дон­ски­те ди­зај­не­ри се мно­гу про­фе­си­о­нал­ни. Свес­ни се де­ка пар­чи­ња­та, шмин­ка­та и ко­са­та изг­ле­да­ат по­и­на­ку на ме­не, па се прис­по­со­бу­ва­ат. На­ша­та ко­му­ни­ка­ци­ја се од­ви­ва бес­пре­кор­но и не ме огра­ни­чу­ва­ат ко­га ста­ну­ва збор за не­ко­ја од нив­ни­те ре­вии.

reneee

Што мис­ли­те, мо­дер­на ли е ма­ке­дон­ска­та же­на?

Се­ка­ко. Ед­на од ра­бо­ти­те што ми се до­па­ѓа кај ма­ке­дон­ска­та же­на е што се­ко­гаш е сре­де­на, скром­на и ни­ко­гаш не откри­ва по­ве­ќе откол­ку што тре­ба.

Кол­ку има­те сло­бод­но вре­ме да па­ту­ва­те низ Ма­ке­до­ни­ја? Кое е ме­сто­то, кое, спо­ред Ва­ше­то мис­ле­ње, мо­ра да го по­се­ти се­кој што до­а­ѓа во Ма­ке­до­ни­ја?

До­се­га, мо­е­то оми­ле­но ме­сто е Охрид… Ја са­кам исто­ри­ја­та, пла­жа­та и вкуп­на­та енер­ги­ја на гра­дот. Ви­ктор и јас збо­ру­ва­ме да па­ту­ва­ме по­ве­ќе низ це­ла Ма­ке­до­ни­ја, но по­ра­ди об­вр­ски не сме ус­пе­а­ле да по­се­ти­ме мно­гу ме­ста. Се на­де­вам де­ка ќе има­ме вре­ме ова ле­то да по­се­ти­ме не­кое но­во ме­сто во Ма­ке­до­ни­ја.

Ви се до­па­ѓа­ ли ма­ке­дон­скaта тра­ди­ци­о­нал­на куј­на?

Се раз­би­ра, мо­и­те оми­ле­ни ја­де­ња се: па­стра­ма­ли­ја, грав­че тав­че, ај­вар и уште мно­гу дру­ги. Во Ја­мај­ка ср­це­то на ку­ќа­та е куј­на­та. Са­кам исто­то да го имам и ту­ка во Ма­ке­до­ни­ја, па за­тоа са­кам да на­у­чам да ги пра­вам ре­чи­си си­те ма­ке­дон­ски ја­де­ња.

Ви не­до­сти­га ли род­на­та зем­ја?

Се­кој ден сѐ по­ве­ќе. Ја­мај­ка е нај­до­бра зем­ја на све­тот. По­сто­јат проб­ле­ми, исто ка­ко и во дру­ги зем­ји во све­тот, ама ја­мај­кан­ски­от на­род е мно­гу си­лен и ра­бо­ти на­пор­но за да ја на­пра­ви сво­ја­та зем­ја уште по­до­бро ме­сто. Има­ме од­лич­ни пла­жи, хра­на, му­зи­ка, исто­ри­ја и мно­гу мно­гу дру­ги ра­бо­ти.

Кои се Ва­ши­те пла­но­ви, оста­ну­ва­те ли во Ма­ке­до­ни­ја?

За­се­га пла­ни­ра­ме да оста­не­ме во Ма­ке­до­ни­ја.

Пишува: К.Н.К
(Текстот е објавен во 243 број на Неделникот Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top