| четврток, 6 декември 2018 |

Завршница на одбојкарскиот Куп на Македонија

одбојкаВо одбојкарскиот Куп на Македонија денеска во Струмица ќе се одиграат завршните финални натпревари во двете конкуренции.

Кај дамите за трофејот во националниот куп ќе се борат минатогодишниот финалист екипата на Јанта Волеј и составот на СВСК.

Во машка конкуренција, во финалето ќе играат екипите на Лешок и домаќинот Струмица.

Натпревраите ќе се играат во термините од 13 и 16 часот, во салата средното училиште „Димитар Влахов“ во Струмица.

Со ова практично започнува и распределбата на трофеите во сезонава во македонската одбојка. Имено, веќе на 2 мај закажан е и првиот меч во финалето од плејофот во женска конкуренција во кое актуелен шампион Јанта Волеј повторно ќе игра против екипата на СВКС, додека ден подоцна (3 мај) ќе се игра првиот финален плејоф меч кај мажите во кој за трофејот ќе се борат Струмица и Пробиштип

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top