| четврток, 6 декември 2018 |

Состојбата околу Собранието вообичаена, сообраќајот нормализиран

sobranieСообраќајниците околу Собранието на Република Македонија кои по завчерашните нереди беа блокирани од полицијата, изутринава се отворени за сообраќај. Околу собраниската зградата и натаму има засилено полициско присуство.

Во инцидентите што се случија во четвртокот вечерта откако група граѓани влегоа во Собранието по постапката што ја спроведоа СДСМ и албанските партии за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, како што информира МВР, беа повредени 109 лица, од кои 83 побарале лекарска помош во државните клиники.

Полицијата за настаните во и околу законодавниот дом привела осум лица, а е обезбеден и видео материјал од Собранието со цел идентификација на лицата кои предизвикуваа нереди и насилства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top