| четврток, 6 декември 2018 |

Вината ја префрлаат врз народот за да ги амнестираат предавниците

 

nenad-mircevski-kol-120

Ненад Мирчевски

27 април 2017 година ќе остане да се памети како еден најсрамните денови во македонската историја. Зоран Заев и квислиншката банда извршија државен удар среде Собранието и на тој начин, по три години играње со трпението на граѓаните, конечно успеаја да го испровоцираат до мера да изгуби контрола и да го излее бесот врз нив.

sobranie nemiri 27 04 2017 (23)

vejce

 

Сценариото не случајно се изврши на ден пред годишнината од масакрот кај Вејце, а започна со пеење на албанската химна. Предавниците точно знаеја што прават и имаа јасна цел – да ги прикажат тие што ја штитат државата како националисти и фашисти, а квислинзите да се претстават како жртви.

sobranie nemiri 27 04 2017 (25)

sobranie nemiri 27 04 2017 (29)

Да бидеме реални. Синоќешната глетка навистина беше страшна и многу опасна. Малку фалеше да падне жртва. Тоа може да го посведочи секој што мина барем миг во Собранието. Но, сите оние што ќе посочат прст кон народот како виновник за хаосот ќе ги потсетам дека на физичкото насилство претходеше тригодишно политичко насилство од страна на СДСМ кое кулминираше вчера со извршување на државен удар преку нелегален избор на претседател на Собранието.

За сите тие што не сакаат да ги видат причините за вчерашниот упад на народот во Собранието ќе потсетам накусо на сето тоа што голтаа Македонците во минатите три години. Да одиме со ред. СДС предизвика политичка криза во 2014 година непризнавајќи ги резутатите од изборите со образложение дека биле украдени 200.000 гласови. Две години подоцна се докажа дека тврдењата биле лажни и неосновани! Во меѓувреме, со помош на странски фактор добија повеќе од милион нелегално прислушувани разговори кои ги искористија за уценување и заканување на секој можен неистомисленик и политички противник. Преку соросовите платеници организираа таканаречена шарена револиција при што во насилните протести беа повредени десетици полициајци и оштетени речиси сите споменици и институции.Организираа терористички напад во Диво насеље, а со помош на странците станаа дел од власта спротивно на волјата на граѓаните. Откако влегоа во владата почнаа да бегаат од избори (кои самите ги бараа) и ја продолжија кризата уште една година. На изборите на 11 декември повторно не ја добија довербата на граѓаните, но направија се за да ја заобиколат вољата на народот. Веднаш потоа му ја подметнаа на народот Тиранската платформа чија реализација значи крај на Македонија каква што ја знаеме и на сметка на националните интереси договорија коалиција со албанските партии.

Измамениот народ исплашен за судбината на државата и разочаран од измамата одлучи мирно и достоинствено да излезе на улица за конечно неговиот глас да допре до пратениците од СДС и до меѓународната заедница. Овие луѓе се што бараа од Заев беше да ја отфрли платформата опоменувајќи го дека ја поминува црвено-жолтата линија и дека во спротивно ќе бидат принудени по секоја цена да ја бранат татковината.

za zaednicka makedonija

Цели 60 дена(!) стотици илјади луѓе беа тотално игнорирани и од Заев, но и од меѓународниот фактор. Дипломатите од ЕУ кои до вчера експресно се јавија со реакција, претходните два месеци не сакаа ниту да чујат за барањата и ставовите на македонскиот народ. Во меѓувреме, оние 455.000 гласачи чија политичка опција победи на изборите, како и оние 200.000 луѓе на улиците беа изложени на невиден притисок од соросовите платеници. Беа брутално навредувани со секакви погрдни зобориви преку соросовите медиуми и на социјалните мрежи само затоа што бараат зачувување на унитарноста на државата и отфрлање на Тиранската платформа.

Неможејќи да го оправдаат предавството и незнаејќи како да го оцрнат мирниот и достоинтвен народ сторија се за да го испровоцираат и да го извадат од него целиот негов гнев.

sobranie nemiri 27 04 2017 (13)nemiri sobranie

Во врска со физичкиот напад. Принципиелно сум против секакво насилство и за одговорност за секое извршено насилство, согласно законите. Но, никако не можам да се согласам со префрлувањето на вината врз народот, притоа амнестирајќи ги пратениците на СДС и на албанските партии од тешки кривични дела!

sobranie nemiri 27 04 2017 (11)

Сите оние што го повикуваа Заев на противзаконски избор на претседател на Собранието и се радуваа на државниот удар имаат најмалку право да зборуваат за срам и да бараат одговорност затоа што тие имаат уште поголема одговорност од луѓето што извршија физичко насилство со тоа што поттикнуваа едно друго многу поопасно политичко насилство. На тој начин тие може да се сметаат за поттикнувачи на насилството кое следуваше по незаконското гласање за претседател на Собранието. Впрочем, одбраната на државата не е насилство туку должност. Уривање на државата е кривично дело за кое ќе мора секој да одговара!

sobranie nemiri 27 04 2017 (31)

Од вчерашниот ден очекувам сите да сфатат дека силувањето на правниот поредок во државата нема да донесе добро на оние кои и сакаат добро на Македонија. Од денес треба да ни е многу појасно дека сите ние носиме голема одговорност за нашата и за судбината на државата.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top