| четврток, 6 декември 2018 |

Грчева: Требаше да се испочитува процедурата во Собранието

Solza-Grcheva
До вакво нешто не смееше да дојде. Провокација постоеше со тајмингот, според мене, рече поранешната пратеничка Солза Грчева во Отвореното студио на ТВ Нова.

„Веќе подолго време бившата опозиција, којашто сега има мнозинство во парламентот, најавуваше дека ќе го деблокира собранието. Според мене, требаше да се исчека да поминат оние собраниски процедури коишто беа во рамки на деловникот каде што пратениците имаат право да дебатираат“, вели Грчева.

Додаде дека можеби не требаше да има големи дигресии во настапите, но сепак повтори дека требаше да се испочитува процедурата.

„Но и покрај сето тоа, требаше да се изодат тие чекори, за да може како логичен крај да се избере таа Комисија за избори и именување“, рече Грчева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top