„Ако на ваков начин се изгласа Претседател на Парламентот надвор од закон, Устав и деловник, aко утре на ист таков начин се изгласа влада надвор од Устав, закони и правна процедура, tогаш која е гаранцијата дека во некоја сала, во некоја шупа или во нечија канцеларија внатре или надвор од Македонија нема да биде договорена или изгласана Илирида“, пишува на својор ФБ профил новинарот Васко Ефтов.
-Нема демократија кога народот влегува во Парламентот и кога тепа пратеници. Но има патриотизам кога се брани државата од испланиран и реализиран државен удар. Немало демократија 1944 кога се правела македонската држава, но имало патриотизам. Затоа вие кои вчера влеговте во Парламентот да ја браните државата не сте силеџии и криминалци, туку луѓе кои си ја сакаат својата држава. Да, тоа не беше манифестација на чиста демократија-но јас не знам каде во светот со цвеќе и чиста демократија се спречува државен удар, пишува Ефтов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.