Јас никогаш не сум бегал во никакви добри или лоши моменти, јас често сум патувал и тоа е точно и економски и политички патувања, некогаш ќе се поклопат тие настани со некои настан кои е значаен во Македонија и веднаш сум наоѓал начин да се вратам, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Топ Телма на Телевизија Телма.
– Тоа се случи и лани кога се случија поплавите, јас го прекинав одморот и веднаш се вратив, за да помогнам со моето искуство колку што можам, а инаку кога и да бил некој тежок момент во Македонија јас сум бил тука. Истото се случуваше и со кумановските настани јас тука бев во Македонија и кога се случија настаните кај Смилковското езеро и синоќа бев тука, со авион кој прв полета за кај нас, вели Груевски.
Тој истакна и дека во моменти кога ВМРО-ДПМНЕ има 50 пратеници во собранието не може да очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбрани интересите на државата и на народот и дека народот треба да си ја брани државата и народот шеесет дена го правеше тоа изле зе надвор и шеесет дена како никогаш до сега толку долго и толку интензивно излегуваше и испраќаше пораки дека не се согласува со тоа што го прави Заев и дека тој прави изборна измама и дека тоа не му беше соопштено во текот на кампањата, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии