Обид за државен удар во Македонија, Демонстранти упаднаа во собранието, повредени се пратеници, Албанците почнаа да ја прават својата трета држава на Балканот, Заев прв го фрли каменот се дел од насловите под кои медиумите во регионот известуваат за вчерашните случувања во Македонија.
РТС јавува дека нередите избија откако СДСМ и албанските партии го избраа Талат Џафери за Претседател на Собранието.
Во македонскиот законодавен дом вчера имаше обид за пуч а ситуацијата ескалира поради пеењето на албанската химна, објави Б92. Во синоќешниот извештај, Б92 цитираше експерти кои изјавија дека Албанците почнаа да ја прават својата трета држава на Балканот а имаат подршка од Западот и НАТО, во спротивно, според аналитичарите не би се осудиле на таков чекор.
Блиц.рс пак во своето известување објави видео од еден од членовите на личното обезбедување на претседателот на СДСМ кој во собранискиот прес-центар извади пиштол и како што потенцира српскиот весник го подгреа револтот кај народот.
Откриена е причината за повредите на Заев, пишува Србија Данас посочувајќи дека тој прв го фрлил каменот, пренесувајќи ја сликата од обезбедувањето со пиштолот. Според српската телевизи Пинк, во македонското собрание опозицијата направила обид за државен удар.
Медиумите известуваат и дека граѓаните на Македонија ноќта ја поминаа во шатори пред Собранието.
За насилствата во македонскиот законодавен дом со фотографии од повредени пратеници јавуваат и светските медиуми. Во нивните извештаи се посочува дека хаосот настанал откако етнички Албанец беше избран за претседател на Собранието, дека демонстрантите при упадот извикувале нови избори, а ги пренесуваат и рекациите на САД, ЕУ и ОБСЕ во кои се осудуваат насилствата.
Гневни националисти упаднаа во Парламенет на Македонија е насловот под кој угледниот CNN ја пренесе веста од нашата земја, додека BBC во извештајот потсети дека политичката криза во Македонија е продлабочена по декемврските избори, кои предизивика и масовни портести на улииците.
(извор – Сител)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.