| четврток, 6 декември 2018 |

Николовски: Насилството не смее да се толерира, ни физичкото, ни политичкото како незаконскиот обид за избор на Претседател на Собранието

Насилството не смее да се толерира. Ни физичкото, ни политичкото! Политичкото насилство е незаконскиот обид за избор на Претседател на Собрание. Надлежните инситуции не смеат да го дозволат ова, неможе силата да го замени правото, Деловникот и Уставот, напиша на својот ФБ профил Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој понатаму пишува дека физичкото го видовме сите, за најостра осуда е! Физичкото насилство нема оправдување, нема ни една причина што може да го оправда. Надлежните институции мора да дејствуваат брзо и да ги изведат пред суд со валидни докази оние кои вчера ги нападнаа пратениците, полицајците, новинарите и граѓаните без разлика кои се. За никогаш повеќе да не се повтори! И не помалку важно, не смее во исти кош да се стават десетици илјади граѓани кои повеќе од 60 дена мирно протестираат загрижени за својата држава и мала група насилници која очигледно нема добри намери кон мирот и стабилноста во Македонија!, пишува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top