| четврток, 6 декември 2018 |

Во двор нашол бронзени монети од 2 век, не пријавил, ги носeл во паричник

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против М.С. (31) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело присвојување на споменици на културата, архивски материјал или природна реткост или друг археолошки материјал.

На 3 март од страна на полициски службеници од СВР Струмица бил извршен преглед на пријавениот и во неговиот паричник биле пронајдени две монети со жолтеникава боја, кои со потврда за привремено одземени предмети се одземени.

Пријавениот ги пронашол монетите во неговиот двор во село Кучичино пред околу три до четири години и истите ги носел со себе.

Извршен бил и разговор со раководителот на Музеј Струмица и со археолог вработен во Музеј Струмица и било констатирано дека одземените монети датираат од II или III век од времето на „Антониите“ или „Северите“ и дека истите се бронзени и претставуваат културно наследство, информираа од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top