| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе ја однесеме македонската публика на светско џез-крстосување

Жал­но е што на Бал­ка­нот е сѐ по­мал и по­мал ин­те­ре­сот. Ќе дој­де вре­ме ние да се чу­ди­ме ко­га не­кој ќе за­тро­па се­дум ос­ми­ни. Јас пи­шу­вам ед­на ком­по­зи­ци­ја за со­ло- та­пан со еден мно­гу ин­те­ре­сен на­зив ко­га се ра­бо­ти за Бал­ка­нот, „Тес­ни ко­жи“, но гла­вен ак­цент во неа но­си зву­кот на ин­стру­мен­тот и мо­и­те истра­жу­ва­ња за не­го, ве­ли Але­к­сан­дар Пе­тров

На 4 мај во МКЦ, на отво­ра­ње­то на ше­сто­то из­да­ние на фе­сти­ва­лот „Скоп­је кре­а­ти­ва 2017, нѐ оче­ку­ва екск­лу­зи­вен џез-кон­церт со „Imaginary Folklore“, прет­ход­но поз­на­ти ка­ко „Por Ché Ne Trio“, кос­мо­по­лит­ски микс од три сил­ни му­зич­ки ка­ра­кте­ри, се­кој од нив ико­на на тра­ди­ци­о­нал­на­та му­зи­ка во сво­ја­та зем­ја, Ар­ген­ти­на, Ита­ли­ја и Ма­ке­до­ни­ја. До­се­га на­ста­пу­ва­ле на раз­лич­ни ме­ста во све­тот, ка­ко Ар­ген­ти­на, Аме­ри­ка, Евро­па, Бал­ка­нот и во Ма­ке­до­ни­ја. Нив­на­та стан­дард­на по­ста­ва ја со­чи­ну­ва­ат го­ле­ми­от Лео Џе­но­ве­зе (пи­ја­но, еле­ктро­ни­ка, во­ка­ли) од Ар­ген­ти­на, кој на­ста­пу­вал со ѕвез­да­та на џез-му­зи­ка­та Хер­би Хен­кок, по­тоа со Стинг, Сти­ви Вон­дер и со уште мно­гу дру­ги, Ита­ли­ја­не­цот Фран­че­ско Мар­ко­ки (аку­сти­чен бас, во­ка­ли) и на­ши­от Але­ксан­дар Пе­тров (та­па­ни, пер­ку­сии, во­ка­ли).

Пе­тров на ма­ке­дон­ска­та му­зич­ка пуб­ли­ка ѝ е поз­нат најм­но­гу по из­во­нред­ни­те кон­цер­ти што ги одр­жа со квар­те­тот „Ба­це“, во кој чле­ну­ва­ат и Ва­сил Ха­џи­ма­нов на кла­ви­ја­ту­ри, Те­о­до­сиј Спа­сов на ка­вал и Ба­шар Ка­ли­фе на пер­ку­сии. По за­вр­шу­ва­ње­то на Му­зич­ки­от кон­зер­ва­то­ри­ум во Па­риз на отсе­кот удар­ни ин­стру­мен­ти во 2002 го­ди­на, це­лос­но му по­све­ту­ва вни­ма­ние на на­род­ни­от ин­стру­мент – та­па­нот.

– Да сви­риш та­пан во Ма­ке­до­ни­ја не е ни­што по­себ­но, ду­ри не би мо­жел да ка­жеш де­ка тво­ја про­фе­си­ја е да си та­па­нар. Ни­ко­гаш не би по­мис­лил де­ка со мо­јот та­пан би мо­жел да жи­ве­ам на За­пад и де­ка тој ќе збо­ру­ва за мо­ја­та зем­ја и за мо­јот иден­ти­тет на­се­ка­де во све­тот, во Је­мен, Јор­дан, Ма­ро­ко, Ал­жир, Ли­бан, Ба­хре­ин, Евро­па… Та­па­нот е ин­стру­мент што има бес­пре­кор­на мож­ност и иа­ко изг­ле­да ед­но­став­но и е на­пра­вен со ед­на единс­тве­на цел, де­нес тој за ме­не не е ни­што по­мал­ку од кој би­ло друг ин­стру­мент – ве­ли Пе­тров.

Со Але­ксан­дар Пе­тров, ма­ке­дон­ски пер­ку­си­о­нист кој жи­вее и ра­бо­ти во Фран­ци­ја, по­раз­го­ва­рав­ме во пре­срет на на­ста­пот, ка­ко нај­а­ва за кон­цер­тот што сле­ду­ва.

aleksandar-petrov-003

На 4 мај во МКЦ до­а­ѓа­те на отво­ра­ње­то на ше­сто­то из­да­ние на фе­сти­ва­лот „Скоп­је кре­а­ти­ва 2017“ со „Imaginary Folklore“ или прет­ход­но поз­на­ти ка­ко „Porche ne trio“. Ка­же­те ни не­што по­ве­ќе за овој со­став, ка­ко се за­поз­на­вте?

Пе­тров: Од 2012 до 2015 го­ди­на жи­ве­ев во Њу­јорк и бев од­го­во­рен за про­гра­ма­та на но­во­о­тво­ре­ни­от џез-клуб „Whynot jazz room“. Во не­го поч­на на­ша­та аван­ту­ра, пр­во на­ми­ри­су­вај­ќи се, пред сѐ, ка­ко лу­ѓе, а по­тоа и ка­ко му­зи­ча­ри. Од то­гаш, па сѐ до де­нес си да­ва­ме rendez-vous или за на­ста­пи или сни­ма­ње ал­бум, или за под­го­тву­ва­ње нов ма­те­ри­јал. Из­бо­рот е Њу­јорк, Па­риз, Пи­за, Тр­пеј­ца, Ве­на­до Ту­ер­то… И тоа ни­ко­гаш не е по­мал­ку од два­па­ти го­диш­но.

aleksandar-petrov-002

Ка­ко ги усог­ла­су­ва­те раз­лич­ни­те му­зич­ки сен­зи­би­ли­те­ти во кон­ци­пи­ра­ње на про­гра­ма­та и му­зи­ка­та што ја сви­ри­те?

Пе­тров: Си­те трој­ца сме вљу­бе­ни во искре­но­ста, и му­зич­ка и чо­веч­ка, исто­вре­ме­но, од ту­ка на­та­му сѐ е лес­но. Са­мо сви­ри!

aleksandar-petrov-005

Што да оче­ку­ва скоп­ска­та пуб­ли­ка на 4 мај? Со што ќе на­ста­пи­те?

Пе­тров: На­ша­та про­гра­ма е мост на три кон­ти­нен­ти: Се­вер­на Аме­ри­ка, Јуж­на Аме­ри­ка и Евро­па. Ќе про­ба­ме пре­ку му­зи­ка да ја од­не­се­ме ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка на ед­но свет­ско кр­сто­су­ва­ње во кое ќе пре­ов­ла­ду­ва џе­зот, ре­зер­ви­рај­ќи не­кол­ку из­не­на­ду­ва­ња.

aleksandar-petrov-004

Во ед­на при­го­да из­ја­ви­вте де­ка ни­ко­гаш не би по­мис­ли­ле де­ка со мо­јот та­пан би мо­жел да жи­ве­еш на За­пад… Ка­же­те ни не­што по­ве­ќе за при­е­мот на бал­кан­ски­от ри­там при Ва­ши­те на­ста­пи низ све­тот?

Пе­тров: Па, тој по­ве­ќе не е бал­кан­ски. Тол­ку е го­лем свет­ски­от ин­те­рес за бал­кан­ски­те рит­ми што мно­гу лу­ѓе ги поз­на­ва­ат. Жал­но е што на Бал­ка­нот е сѐ по­мал и по­мал ин­те­ре­сот. Ќе дој­де вре­ме ние да се чу­ди­ме ко­га не­кој ќе за­тро­па се­дум ос­ми­ни. Јас пи­шу­вам ед­на ком­по­зи­ци­ја за со­ло-та­пан со еден мно­гу ин­те­ре­сен на­зив ко­га се ра­бо­ти за Бал­ка­нот, „Тес­ни ко­жи“, но гла­вен ак­цент во неа но­си зву­кот на ин­стру­мен­тот и мо­и­те истра­жу­ва­ња за не­го.

Разговараше: Невена Поповска
(Текст објавен во 243. број на неделникот „Република“, 28.4.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top