| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Џабе ги молевме да не прават пуч, ова не смееше да се случи!

ili

И покрај сите апели да не се избира претседател на Собранието на нелегален начин, СДСМ се одлучи на таков чекор, изјави Илија Димовски во интервју за ТВ „Нова“, коментирајќи ја ситуацијата во Собранието.

-Без правила, без ред на работите и со друг претседавач, СДСМ прогласи т.н. претседател на Собрание, а тоа не смееше да се случи. Со оглед на настапите на Заев, заклучивме дека ќе дојде до такво нешто и упативме молба да не се прави  дополнителна поделба. Немаше потреба да се настапи на овој начин бидејќи истиот создава само проблеми. Ова беше дел од сценарио, а претходно во Собранието се пееше и албанската химна. Желбата беше да се испровоцира конфликт и меѓу пратениците – изјави Димовски.

Според него, само дијалогот е начин да се излезе од политички проблем и во сите демократии работите се решаваат преку комуникација.

Димовски го осуди насилството во Собранието и истакна дека физичката пресметка никогаш не е начин за справување со политичките делувања. Истовремено, како што рече, го осудува и политичкото насилство од страна на СДСМ кој одлучи да тргне по нелегален пат до остварување на целта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top