| четврток, 6 декември 2018 |

Крадец од стан зел богат плен

Непознато лице вчера во Тетово украло златен накит. Во периодот од 08.10 до 17.00 часот, во Тетово, на ул. „Вон-Вардарска“, во станот сопственост на Г.А. (33), непознат сторител извршил кражба.

Сторителот на неутврден начин влегол внатре и по извршеното пребарување по собите одзел разновиден златен накит, разна бижутерија, женски и машки рачни часовници и мобилен телефон, по што го напуштил местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top