| четврток, 6 декември 2018 |

Најтажниот мој роденден….празнина во душата-Елена Ристеска го прослави роденденот!

el

Елена Ристеска објави статус на својот Инстаграм-профил со кој ги растажи своите многубројни пријатели.

-Оваа година не славев роденден, само го одбележав денот… најтажниот мој роденден….празнина во душата. Но во сета болка која ја чувствувам, среќна сум што ги имам моите пријатели кои злато вредат, ми го направија денот за нијанса посветол. Ви благодарам на сите што ми честитавте, ве сакам. Затоа што јас не славев роденден, Делфи дуваше свеќички место мене- напиша Ристеска на Инстаграм.

ele

За потсетување, поп-пејачката неодамна го загуби својот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top