| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во две бачила на Шар Планина

Во две бачила на планинските предели на Шар Планина, на местото „Плоча“, атар на тетовското село Сетоле, вчера пред 6 часот од засега непознати причини настанал пожар во две бачила, соопшти полицијата

Едното, по основ на договор го користел Н.М. (37) од тетовското село Порој, а другото бачило, кое било на оддалеченост од околу 200 метри од првото бачило е сопственост на А.С. (33) од село Џепчиште, тетовско.

Од пожарот била опожарена внатрешноста на бачилата. Пожарот се изгаснал сам. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top