Цела поранешна Југославија се сеќава на спектакуларниот скок на Лепа Брена од Стариот мост во Мостар во една сцена од филмот “Хајде да се волимо” од далечната 1987 година.
Со години сите мислеа дека скокнала пејачката, но Брена откри дека имала дублер. И додека сите мислеле дека место пејачката скокнала жена, сепак во прашање бил маж.
Имено, Брена тогаш ја заменил познатиот мостарски скокач Јадранко Финк, кој во познатата сцена скокнал со руса перика на главата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.