Изборот на Талат Џафери за спикер на Собранието не е легитимен, смета поранешниот претседател на Собранието и универзитетски професот по уставно право и политички систем, Саво Климовски.
Во изјава за „Курир“, Климовски вели дека изборот на Џафери не е легитимен затоа што е надвор од Деловникот и од уставните одредби.
-Премногу ја тестираа војлата на граѓаните – вака Климовски ја коментира целокупната вчерашна ситуација.
-Мислам дека и премногу ја тестираа волјата на народот, на граѓаните – премногу ја тестираа. После два месеци аутизам и едно слепило и кај меѓународната заедница, не остава никаков простор, туку, можеби, тоа е еден заеднички комплот. Како одеднаш сега се јавија со брз став – запраша Климовски и додаде дека, сето ова што е нелегало е легално за нив, а она што беше легално и што треба да биде легално не го прифаќаат, освен Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст