Развојот на настаните во Македонија покажува дека политиката на мешање во внатрешните работи на земјата и на Балканот генерално е катастрофална, изјави денеска членот на Комитетот за меѓународни работи при руската Дума (Долниот дом на Парламентот) Сергеј Железнјак.
– Протестите во Македонија кои кулминираа кога разгневени членови на иницијативата „За подобра Македонија“ влегоа во парламентарната зграда јасно ја потврдуваат катастрофалната природа на политиката на протекционизам, менторство и брутално мешање во внатрешните работи на Македонија и останатите балкански земји од страна на САД, НАТО и ЕУ во тој регион, изјави Железнјак, пренесува ТАСС.
Според рускиот парламентарец, со поставување на нивни марионети, спроведување на т.н. тиранска платформа и други елементи од проектот „Голема Албанија“, кои се целосно спротивни на македонскиот народ, САД, НАТО и ЕУ неодговорно ја отвораат Пандорината кутија.
– Овие западни сили се одговорни за насилствата, кои ги засегаат нивните сојузници и противници, додека македонските граѓани, суверенитетот и територијалниот интегритет на македонската држава се држат во заложништво на овие провокативни геополитички проекти, истакна Железнјак.
Под овие услови, продолжува Железнјак, одлуката за прогласување вонредна состојба во земјата од страна на легитимно избраниот македонски претседател Ѓорге Иванов е неопходна мерка со цел спречување понатамошна ескалација на насилствата, на заканата од распад на земјата и заштита на македонските национални интереси.
Македонската опозиција, како што пренесува ТАСС, вчера избра спикер на Парламентот со заобиколување на вообичаено прифатената постапка. Подоцна активисти на движењето „За заедничка Македонија“ влегоа во зградата во знак на протест против таквата одлука, окупирајќи ја пленарната сала и напаѓајќи пратеници, наведува руската агенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст