Додека зад бината на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија пред собранието, како и секој ден, спремаше културно-уметничка програма, во собранието почна со остварување планот за разнебитување на Македонија, ги опишува синоќешните настани режисерот Борис Дамовски, еден од организаторите на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија.
60 дена мирни протести и никој од тие што требаше да ги чујат постојаните повици за мирно и институционално решавање на кризата не се одзва. 60 дена постојано уверување на демонстрантите истомисленици дека мирниот начин е единствениот пат кој ќе вроди со плод. На шеесетиот ден, годишнината на Вејце, се пееше химна на туѓа држава во Македонското собрание, странски амбасадори шетаа по собраниските ходници храбрејќи пратеници да извршат државен удар.
“Маса луѓе пред наши очи влетаа во Собранието. Се случи точно тоа од што се плашевме, трпението на луѓето попушти под серијата понижувачки провокации. Хаосот кој следеше не можеше да се контролира, сите обиди за разумно однесување резултираа со гневни реакции, се обидов да застанам меѓу полицијата и најгневните, ме тргаа и туркаа, младо момче бесно ми се внесе в лице викајќи ”Тргни се од тука, татко ми го убија 2001!”. Ме исфрлија на страна, мирот не беше нивни пат и начин. Мирот не беше ни пат ни начин на пратениците кои го извршија државниот удар“, пишува Дамовски.
Брзината со која тој чин доби странска поддршка кажува дека тоа не е македонскиот пат. Настрвени се на оваа земја, предолго за нивните апетити не се откажуваме од неа. Толку омраза и зло едно ИМЕ не доживеало во светската историја. Македонија не е на продажба, но некои Македонци се. Ништо ново, не ни е прв пат да го видиме. Долго време ќе треба да ги откупиме глувите за љубов трговци на своите души. Зад овој мал рид на настани и околности се крие вистината за судбината на Македонија. Кој не сака или не знае да го искачи тој рид, подобро нека научи да се чувствува како било што освен Македонец, е статусот на Дамовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.