| четврток, 6 декември 2018 |

Се утврдува материјалната штета во Собранието

Во Собранието на Република Македонија денеска се работи на утврдување на материјалната штета и на ставање во функција на работните простории што се надвор од употреба.

Собраниската служба за односи со јавност соопшти дека по вчерашните случувања во зградата на Собранието на Република Македонија е причинета материјална штета и дел од работните простории, прес-центарот, како и сала „Македонија“ во која се одржуваат пленарните седници се надвор од употреба. Во согласност со законската регулатива, надлежните институции преземаат чекори за нивно ставање во функција и утврдување на штетата, стои во соопштението.

– Се прават напори за враќање во првобитната состојба во најкус рок, со што ќе се создадат услови за работа на Собранието – стои во соопштението.

Со оглед на тоа, се посочува во соопштението, денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија закажано за 11 часот нема да се одржи и за продолжението јавноста ќе биде дополнително известена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top