| четврток, 6 декември 2018 |

Лекоумноста на „елитизмот“ и ароганцијата го предизвикаа народот

Поранешниот министер за култура и портпарол на Владата на Црвенковски, Ѓунер Исмаил граѓаните што протестираат со иницијативата „За Заедничка Македонија“ ги нарече „таканаречен народ“ и упати закана дека СДСМ „може да мобилизира поголема група народ кој може да се судри“ со граѓаните што протестираат против Тиранската платформа

Во изминатиот период, пред четврокот вечерта, кога на Зоран Заев „му се случи народот“ откако се дрзна надвор од Деловникот за работа со албанските партии на кои им ја вети реализиацијата на ткн Тиранска платформа, не запираа навредите од пораненшните и сегашните функционери на СДСМ кон народот што протестира против Тиранската платформа.„Се тресе земјата кога земјата Фрчкоски им лупа шамар на хулиграните… На секој можен начин годиниве ја уби баграва вмровска“, е една од изјавите на социјалните мрежи од самонабедените елитисти коишто изминатиов период им беа упатени на граѓаните и чијашто ароганција само го дразнеше трпението на нивните сонародници коишто загрижени опстојување на државата онака како што функционираше изминатите две ипол децени независност не се согласуваат со нивните политики.

sobranie nemiri 27 04 2017 (5)

Поранешниот министер за култура и портпарол на Владата на Црвенковски, Ѓунер Исмаил граѓаните што протестираат со иницијативата „За Заедничка Македонија“ ги нарече „таканаречен народ“ и упати закана дека СДСМ „може да мобилизира поголема група народ кој може да се судри“ со граѓаните што протестираат против Тиранската платформа.

„Прво нужно мора да внимаваат, да не се случи од другата страна да се појави народ, социјалдемократите ги имаат тие капацитети да мобилизираат многу народ, но народ против народ ќе биде на крајот на краиштата или така наречен народ ова што сега го гледаме нели“, рече пред неполна недела Исмаил кому му била навредена „интелигенцијата и вкусот“.

sobranie nemiri 27 04 2017 (1)

Покрај лустрираниот Исмаил, изминатиот период бројни поддржувачи му даваа поддршка на Зоран Заев и го охрабруваа да го почне насилното сценарио за незаконски избор на претседател на Собранието, што и се случи во четвртокот.

Неговиот прв пајташ поранешен министер на СДСМ за внатрешни и надворешни работи и неуспешен претседателски кандидат, Љубомир Фрчкоски, претходно напиша дека Зоран Заев наместо да оди по „да ја преземе одговорноста“ наместо по „обвинителските шупи“, и мора во парламентот и да формира влада.

sobranie nemiri 27 04 2017 (34)

„Парадоксално, но СДСМ може да ја воведе земјата во вистинска криза, ако продолжи да се ‘фемка’, да одолговлекува, да покажува знаци на „процедурална заробеност и вкочанетост“, трошејќи ја огромната доверба дадена од 700.000 гласачи кои се недвосмислени победници на овие избори – за преземање на власта и формирање на влада. Значи, драги мои другари СДСМовци, освен пенкалото за гласање ќе ни треба сепак и едно „малку подебелко пенкало со јајца на крајот“, за преземање на власта која ни ја изгласале граѓаните, им дава поддршка и ги охрабрува Фрчкоски.

sobranie nemiri 27 04 2017 (26)

На оваа тема своето мислење се изјасни Мерсел Биљали, „аналитичар“ на СДСМ, кој понуди начин како да се заобиколи волјата на мнозинството Македонци и да се спречат дискусиите за штетните последици на прифаќањето на Тиранската платформа.

„Добро е мнозинството да размисли самото да избере претседател на Собранието и на Владата, во кои и да било простории. Таквата влада сигурно дека веднаш ќе биде признаена од ЕУ и САД и тие фактички ќе ги прекинат сите врски со оваа постојната влада, министерствата и другите органи“, рече Биљали.

sobranie nemiri 27 04 2017 (28)

Во овој ред ќе се нареди и професорката Гордана Попосимонова, која го повика Заев „да се осмели и да не губи време повеќе“. „Зоране Заев, сѐ што можеше да направиш за нормален, демократски, правен и мирен трансфер на власта, направи. Одеше на сите можни дебати, ја промовираше новата владина програма, даде сѐ од себе да ги убедиш граѓаните во твоите добри намери, конструктивни планови, развојни проекти и позитивни визии. Отсега натаму, времето ќе работи против тебе и сè поголем број луѓе ќе се прашуваат дали си способен да ги преземеш работите во свои раце. Сè поголем број од оние 700.000 гласачи кои стојат зад твоето мнозинство, ќе се разочаруваат во твојата нерешителност. И токму затоа, собери ги 67 легално и легитимно избрани пратеници во некоја од собраниските сали и изберете претседател на Парламентот и мандатар кој ќе состави Влада. Ако некој ве опструира и таму, соберете се, ако треба во Паркот на Жената борец под споменикот на АСНОМ-ци. Никој не може на мнозинството народни избраници да им забрани да заседаваат и да го работат она за што се избрани. Осмели се, Зоране. Рубикон мора да се премине. Нема да бидеш сам“, напиша Попсимонова.

sobranie nemiri 27 04 2017 (20)

Претходно деновививе беше предупредувано за сценаријата, особено за насилно преземање на спикерската функција во Собранието. За тоа предупредуваа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од граѓанската иницијатива За заедничка Македонија.

sobranie nemiri 27 04 2017 (19)

Но, очигледно подбуцнат од ваквите арогантни изјави давани од безбедна дистанца на „интелектуалци“, Заев влезе во стапицата за узурпирање вон Деловникот и го постави Талат Џафери од ДУИ за претседател на Собранието. Очигледно се пресмета со трпението на народот и процените дека тој „ќе си легне на брашното“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top