| четврток, 6 декември 2018 |

Советот на Европа ги повикува сите страни во Македонија да ги смират тензиите и да не употребуваат сила

Советот на Европа денеска повика на смирување на тензиите во Македонија и на воздржување од насилство.

– Ги повикуваме сите страни да се воздржат, да ги смират тензиите и да не употребуваат сила – изjави генарлниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, во името на паневропската организација по синоќешните настани во македонскиот парламент.

Јагланд оцени дека ситуацијата во парламентот во Скопје е алармантна.

– Ги повикувам сите страни во Скопје да ги смират тензиите и да го охрабрат дијалогот – вели генералниот секретар на Советот на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top