Лекарска помош добиле 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца пратеници.
Според официјаните податоци на Министерството за внатрешни работи, вчеравечер до 23.30 часот во Градската општа болница „8 Септември“, Градска болница „Св. Климент Охридски“ и Клиничкиот центар лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца пратеници.
Дополнително во касарната „Ѓорче Петров“ лекарска помош е укажана на уште седум лица.
По вчерашните насилни настани во Собранието, Министерство за внатрешни работи информира дека безбедносната состојба во централното градско подрачје, околу и во Собранието е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир.
Поради претходната севкупна безбедносна состојба, МВР-СВР Скопје ќе преземе дополнителни мерки и активности со цел заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и обезбедување стабилна и поволна безбедносна состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст