| четврток, 6 декември 2018 |

Милан Ристевски ја заштити Шеќеринска (ФОТО)

Во немирите во Собранието, кои настанаа кога СДСМ и албанските партии нелегално го избраа Талат Џафери за претседател на Сoбранието против волјата на народот, се повредени Зоран Заев, Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски, Зијадин Села, Радмила Шеќеринска и Хари Локвенец.

Пратениците на СДСМ беа во Прес-центарот, каде што Заев неколку мига претходно, додека народот влегуваше во Собранието, го честита изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

tepanje_zaev-768x1024

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ застанаа во одбрана на колегите од СДСМ.

Пратеникот Милан Ристевски ја заштити Радмила Шекеринска, а Влатко Ѓорчев ги штитеше повредените колеги од СДСМ, Зоран Заев и Петре Шилегов. Со заробените новинари беа и неколку пратенички на ВМРО-ДПМНЕ кои се обидуваа да ја смират толпата.

Лекарската екипа беше во канцеларијата на ВМРО-ДПМНЕ каде што пратениците Никола Тодоров и Влатко Ѓорчев им помагаа на повредените колеги.

brza pomos sobranie

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top