| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски размени контакти и информации со повеќе регионални политички лидери по повод случувањата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва по повод најновите случувања оствари контакти и размени информации со повеќе регионални политички лидери и шефови на влади.

Груевски контактираше со Илир Мета, претседател на албанското Собрание, српскиот претседател и поранешен премиер Александар Вучиќ, избраниот премиер на Бугарија- Бојко Борисов, Кадри Весели -претседател на Собрание на Косово и претседател на најголемата партија во Косово.

Груевски преку турскиот министер за надворешни работи остварил контакт и со турскиот претседател Реџеп Таир Ердоган. Била постигната заемна согласност за стабилизирање и смирување на состојбата, како и институционално решавање на проблемите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top