
Експертот за безбедност Џевад Галијашевиќ вечева истакнал дека она што сега се случува во Македонија не е само македонска, туку балканска криза.
– Повторно имаме дестабилизација на Балканот. За оваа криза е виновна бриселската администрација и владите на западните земји и НАТО. Креаторите на оваа криза се токму на овие адреси, истакнал Галијашевиќ за Пинк.
Тој додал дека она што и останува на Србија, но и на следната мета – Црна Гора е да пружат поддршка и соработка на македонсакта влада и заедно да настапат во одбрана на интегритетот на секоја држава поединечно. Галијашевиќ додал и дека сепак, за жал, тоа е тешко да се очекува.
– Црна Гора е следна и поради тоа не се потпишува договор за демаркациона линија и разграничување меѓу Косово и Црна Гора, додал тој.
Галијашевиќ истакнал дека дестабилизацијата на Балаканот се одвива во два правци, и тоа преку албанскиот национализам и исламскиот радикализам и тероризмот, што Западот го поддржува за да спречи Русија да наметне било какво влијание на Балакнот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


