| четврток, 6 декември 2018 |

Народот седна на претседателското столче во Собрание: Присутните скандираат Избори, избори!

Откако пред помалку од еден час граѓаните на Република Македонија влегоа во Собранието на Република Македонија и целосно го завземаа во моментов тие седнаа и на претседателското столче во Собранието.

Толпата од граѓани се повеќе расте, а од граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА ги повикуваат сите граѓани да се упатат кон Собранието за да ја дадат својата масовна поддршка.

Присутните скандиораат Избори, избори и Македонија, Македонија и пејат: Едно име имаме!

Гневот на народот еруптираше откако СДСМ и албанските партии во направија државен удар поставувајќи измислен претседател на Собранието, пратеникот на ДУИ, Талат Џафери.

Целосно спротивно од Деловникот и собраниските процедури, без точката да биде ставена на гласање, СДСМ и албанските пратеници поставија измислен претседател на Собранието, Талат Џафери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top