Во пролет задолжително направете го овој ритуал за чистење на домот.
Според фенг шуи кората од портокал е одличен начин како да го исчистите домот од негативна енергија и да ја вратите хармонијата во него. Единствено нешто што ќе ви биде потребно се: три свежи портокали, вода, стаклена чинија и свежи цвеќе.
Постапка:
1.Излупете ги портокалите, земете ја кората а плодовите оставете ги за јадење. Секоја кора од портокалот поделете го на 9 делови, ставете ги во чинија и прелијте ги со топла вода до 3/4 од чинијата.
2. Повторете ја следнава позитивна афирмација: „Со оваа церемонија заминува негативната енергија, а се заменува со позитивна“.
3. Ставете ја чинијата на влезот доколку сакате да го исчистите целиот дом. Со водата испрскајте ја целата куќа и повторувајте ја својата одбрана мантра и позитивна афирмација. поминете низ сите сектори во домот и не ги пропуштајте ниту плакарите.
4. Водата и кората фрлете ги, а портокалите може да се користат за јадење.
5. По ова фенг шуи чистење, отворете ги прозорците и вратата за домот да го исполните со свежа енергија.
6. Поставете цвеќе на средината на собата или домот.
Во следниоте 9 дена заменете го цвеќето. Тоа нека биде на секои три дена, а последниот букет нека остане додека не овене.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.