| четврток, 6 декември 2018 |

Врховниот суд ја одложи расправата за прислушуваните разговори како доказ

Vrhoven sud02 (Custom)Врховниот суд на денешното продолжение на општата седница не донесе одлука за рефератот по правното прашање „дали доказите кои се стекнати на незаконски начин можат да бидат употребени како доказ во судска постапка“.

Од Врховниот суд за МИА потврдија дека расправата по оваа точка е одложена на неопределено време.

Во однос на  правното прашање за „надлежноста за поднесување барање за заштита на законитоста“ на седницата била усвоена иницијатива за потреба од донесување начелен став, но тој не бил усвоен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top