Со оваа платформа, којашто ја приредивте на Р. Македонија, имате масовно незадоволство на македонскиот народ. Македонскиот народ со сооднос 3: 1 и повеќе од тоа и вика „не“ на оваа влада и оваа платформа. Оваа влада уште не избрана има ситуација каде што 500.000 луѓе се на улица, коишто ротираат секој ден.
Со овие зборови денеска пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ им се обрати во Собранието на пратениците од СДСМ.
Ѓорчев запраша од кои причини конститутивната седница трае толку долго кога досега тоа не било случај.
-Затоа што во 2006 година ние ве победивме, 45 пратеници со 33. Сега имате пораз којшто е 51 наспроти 49. Имате пораз кај македонскиот народ од 100.000 разлика . Имате пораз кај турската етничка заедница, кај српската етничка заедница, пораз кај бошњачката етничка заедница, кај влашката и ромската заедница. А со оваа платформа, која што ја приредивте на Р.Македонија имате масовно незадоволство на македонскиот народ. Македонскиот народ со сооднос 3: 1 и повеќе и вика „не“ на оваа влада – рече Ѓорчев.
Тој посочи дека се наоѓаме во важни денови и моменти за македонската државност и додаде дека од настаните кои претходеа и настаните коишто следат ќе зависи иднината на Р. Македонија.
-Може и надвор од сите правила да изберете претседател на Собрание, па една запирка од платформата кога нема да реализирате, ќе нема кој да свика седница на Собрание. Македонија нема да има Собрание – рече Ѓорчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст