| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватската влада на стаклени нозе: Пленовиќ смени тројца министри од Мост

andrej plenkovicХрватскиот премиер Андреј Пленовиќ смени денеска тројца министри од Мост, кои гласаа за смена на министерот за финансии Здравко Мариќ.

Пленковиќ на седница на Владата, која хрватските медиуми ја опишаа како мошне драматична ги разреши министрите за внатрешни работи Влах Опериќ, министерот за правда Анте Шпрље и министерот за заштита на животната средина и енергетика, Славен Добровиќ.

Владата одлучуваше за предлогот на опозицијата за изгласување недоверба на министерот за финансии Здравко Мариќ, а премиерот Пленковиќ ги повика сите министри да се изјаснат против изгласувањето недоверба.

Но министрите Добровиќ, Опериќ и Шпрље гласаа против Мариќ.

– Го замолувам секретарот да подготви одлука за разрешување на тројцата министри на Мост, рече премиерот по гласањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top