| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Николоски прогласен за почесен член на Групата на народните партии во ПССЕ

aleksandar-nikolovski
Најголемата политичка група при Парламентарното собрание на Советот на Европа, Групата на народните партии, го прогласи Алекснадар Николоски до недоамна пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен претседател на македонската парламентарна делегација во паневропската асамблеја за нејзини почесен член, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Церемонијата на прогласувањето на почесното членство се одржа на маргините на пролетната сесија на ПССЕ, која се одржува во Стразбур.
Оваа одлука на групата на Народните партии се должи на деветгодишниот ангажман на Алексанадр Николоски во групата и ПССЕ, каде извршуваше повеќе функции, како потпретседател на ПССЕ, прв потпретседател на Мониторинг комисијата и прв потпретседатрел на Комисијата за политички прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top