| четврток, 6 декември 2018 |

Извршителка од Штип продавала имот што бил под закуп

Извршителка од Штип на своите клиенти им продавала недвижен имот што бил под закуп, игнорирајќи го договорот за закуп заверен кај нотар на еден од имотите.

Од МВР информираат дека СВР Куманово за извршителката поднело кривична пријава заради сомневање за сторено кривично дело – злоупотреба на овластувањата.

Пријавената во повеќе наврати ја злоупотребила својата службена должност.

Имотот што го продавала бил со вредност од 6.525.533 денари, иако цената на извршувањето изнесувала 2.456.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top