| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободен Рамуш Харадинај, одбиено барањето на Србија за екстрадиција

ramus

Францускиот суд во Коламру го одби барањето  на Србија за екстрадиција на поранешниот лидер на ОВК; Рамуш Харадинај.

Тој ќе биде ослободен, а во Коламру во тек е седница, на која е донесена одлука по барањето на Србија за екстрадиција на Харадинај, по кого се трага за воени злосторства врз Србите во текот на 1998 и 1999 година, јави Танјуг.

Харадинај во судницата пристигнал десетина минути пред почетокот на седницата, каде го пречекале бројни приврзаници, а во преносот во живо на приштинските медиуми се гледа зајакнато полициско обезбедување.

Српското обвинителство го товари Харадинај за воени злосторства на Косово и Метохија кон крајот на ’90-те години од минатиот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top