| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја на целосна војна со САД ќе одговари со нуклеарна војна

koreja

Мисијата на Северна Кореја при Обединетите нации соопшти дека Пјонгјанг на целосна војна со САД ќе реагира со нуклеарна војна.

Северна Кореја, како што се наведува во соопштението, сигурно ќе победи во борбата против американските империјалисти.

– Напорите на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп да се покори Пјонгјанг со испраќање на носач на авиони во водитге на Корејскиот Полустров никогаш нема да можат да ја заплашат Северна Кореја, се вели во соопштението на Мисијата.

– Волјата на Северна Кореја е непоколеблива да оди до крај ако САД сакаат да останат непроменети во својот конфринтирачки став, се додава во соопшението.

Мисијата на Северна Кореја порача оти на провокациите на САД од секаков вид ќе изврши најжесток противудар, вклучувајќи ненадејни превентивни напади, меѓу кои копнени, поморски, подводни и воздушни маневри, како и разни други методи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top