| четврток, 6 декември 2018 |

Лепиткова: Се вршат геолошки истражувања, но тоа не мора да значи дека ќе се отвори рудник

„Во Гевгелија во моментот се вршат детални геолошки истражувања, дадени се две концесии, односно, дозволи за истражување“, изјави универзитетската професорка Соња Лепиткова во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Таа додаде дека иако е во фаза истражувањето, не мора да значи отворање на рудник, можеби ќе се отвори после неколку години, а може и воопшто нема да се отвори.

Универзитетските професори Блажо Боев, Дејан Мираковски и Соња Лепиткова гостуваа во „Отвореното студио“ со Билјана Василева Трендафилова на тема „Државата гарантира максимални еколошки стандарди при инвестициите“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top