Граѓани на Охрид и вечерва протестираа во знак на поддршка на граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“. Тие со марш низ улиците на градот ја изразија ја својата загриженост за иднината на државата и за зачувување на унитарниот карактер на Република Македонија.
Тони Филипов во име на учесниците на протестот ги отфрли обвинувањата дека нивните собири се за заштитат некого од словото на законот.
– Ако некој згрешил нека одговара пред законот, постои суд, предистражни органи, секој има своја субјективна одговорност. Ние сме тука за да заштитиме од разнебитување на она што е свето – унитарна, самостојна и независна Република Македонија, рече тој, повикувајќи на одржување предвремени парламентарни избори и попис.
Учесниците на протестот се собраа на плоштадот кај охридската гимназија, по што се упатија низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст