Раст на бројот на туристи во Македонија за 20 проценти ако нема проблеми поради политичката состоjба и мигрантската криза, очекува Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).
Главен адут на Македонија пред странските туристи, е што се презентира како ол инклузив држава бидејќи е многу интересна и примамлива со цените.
Седум дена одмор во Македонија ќе ве чини како вечера во Дубровник и затоа сме многу интересни. Имаме прекрасна кујна и природа. Кога се ќе се спои луѓето уживаат.
Како позитивни ги оценуават новите хотели со четири и пет ѕвезди кои повлекле раздвижување за промени и кај останатите хотелиери.
Евидентиран е исто така зголемен број туристи од Азија. Престојуваат само со две ноќевања, а за поголем ефект треба да се привлечат на минимум четири. За година-две може да се очекуваат многу туристи и од арапските држави, Катар, Бахреин, Иран, како и од Казахстан.
Според Државниот завод за статистика, вкупниот број на туристи во Македонија лани изнесувал 856.843 што претставува зголемување од пет проценти во споредба со 2015 година. Бројот на домашните туристи е 346.359, односно има зголемување за 4,8 проценти, а на странските туристи е 510.484 и има зголемување за 5,1 процент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст