| четврток, 6 декември 2018 |

Вооружена семејна драма во Гостивар: Татко си го застрелал синот

57-годишниот А.С. и 33-годишниот Б.С. од Гостивар заработија кривични бидејќи дивееле во својот дом. Пред неколку дена во семејна куќа во Гостивар на А.С. настанала вербална расправија помеѓу него и неговиот син Б.С. кој физички го нападнал татка си задавајќи му повеќе удари со тупаници.

Синот потоа зел секира со намера да го повреди својот татко, при што бил спречен во намерата од страна на неговиот брат. Во тој момент таткото со пиштол, кој го поседувал без одобрение, пукал кон синот Б.С. и го погодил во левата рака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top