| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанец преку лажен профил на Фејсбук измамил малолетничка

fejsbuk-1

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 34-­годишен штипјанец К.Ш. поради основано сомнение за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Тој преку лажен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ побарал од малолетно девојче да му испрати фотографии со интимна содржина по што ги дистрибуирал и ги направил достапни за трети лица. Случајот, како што денеска соопшти МВР, се случил во јули 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top