МПЗ „Тодор Александров“ го повикува целиот македонски народ да се приклучи на протестите „За заедничка Македонија“, да се отфрли тиранската платформа и да се создаде агенда и платфрма за семакедонско обединување за заштита на Република Македонија и македонските национални интереси.
„МПЗ „Тодор Александров“ ги повикува македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија уште помасовно да ги поддржат протеститe “За заедничка Македонија“,сите заедно да кажеме стоп на тиранската платформа и заговорот за уништување на Република Македонија и македонскиот идентитет. Сите македонски граѓани да ја покажеме нашата лојалност и патриотизам кон Р. Македонија во заштита на македонското знаме, химна, македонскиот јазик како уставотворен и да не дозволиме разнебитување на Р. Македонија од заговори и платформи креирани во туѓи држави. МПЗ „Тодор Александров“ е против овој заговор за уништување и распад на Република Македонија, против воведување двојазичност на целата територија на Македонија, против заговорите за кантонизација, федерализација и застануваме во одбрана на државниот уставен поредок и одбрана на националните македонски државни интереси“, се вели во соопштението.
Во него се нагласува дека тиранската платформа е антимакедонска платформа креирана во друга држава и од премиерот на Албанија, Еди Рама, низ историјата сите договори, платформи кои биле креирани во туѓи држави и дворови за Македонија и македонското прашање биле на штета на Македонија и уништување на македонскиот народ за делби поделби, асимилации и ропства на македонската земја и народ. Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и ние ќе се залагаме тоа да остане така.
„Во поглед на националните малцинства Република Македонија е најдемократската земја. Сметаме дека националните малцинства, а особено Албанците во Македонија ги ужуваат сите права и во ниедна друга европска земја немаат повеќе права отколку во Македонија и не постои во цела Европа подемократски устав од македонскиот, некој свесно манипулира со граѓаните Албанци кои и сами знаат дека ги уживаат сите права во Р. Македонија и имаат достоинствен живот и права повеќе од која било друга земја, сите граѓани заедно да ги штитиме држаните интереси, уставот и државните симболи на нашата заедничка Р. Македонија. Факт е дека Македонците се обезличувани од сите наши соседи, гледаме големи заговори против македонскиот народ кои постоеле во историјата, а и денес сега гледаме како нѐ негираат повторно нашите соседи и како се соседна Албанија промовира сепаратизам кон Македонија“, стои во соопштението.
Нашите предци се бореле и гинеле за независна Македонија, гледаме дека некој без ронка совест сака да ја продаде Македонија за едно парче власт особено Соросовите платеници и нивните слуги.
„Историјата се повторува, повампирени се повторно хегемонистичките пропаганди од надвор поткрепени од петтата колона и домашните предавници однатре, нов заговор за промена на името, македонскиот идентитет и редефинирање на Македонија и територијални промени на нашата земја. Целта на целиот овој заговор е Р. Македонија да го изгуби македонскиот карактер и македонскиот наорд да биде обезличен во сопствената земја. Ние МПЗ „Тодор Александров“ и Македонците сме за соживот со сите граѓани на Република Македонија, но на сѐ има црвена линија особено кога се во прашање националните интереси и опстанокот на нашата земја. Низ историјата на нас Македонците ни било одземено и грабано, а не ни било дадено ништо, не смееме да дозволиме повторно да нѐ понижуваат и обезличуваат нема да дозволиме нов Букурешки договор и нова поделба на Македонија. Ние, МПЗ „Тодор Александров“ сметаме дека потребно е целиот македонски народ да се обедини под една заедничка македонска национална агенда која ќе биде став кога секогаш ќе бидат загрозени уставниот и државен поредок на Република Македонија и кога секогаш ќе биде загрозен македонскиот идентитет јазик, култура на македонскиот народ.
НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!“, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст